
ПСЖ со пресврт ја совлада Фредериција, Загреб ремизира против Колштад
Фредериција одигра одлично прво полувреме против францускиот гигант и го доби со 17-16, но работите драстично се променија на теренот во вторите 30 минути кога ПСЖ ја презема контролата и славеше со 38-32.
Сипжак постигна 10 голови за парижаните, додека Бисгард со шест погодоци беше најефикасен кај Фредериција.
ПСЖ со оваа победа се искачи на втората позиција со 16 бодови, додека Фредериција остана на дното со три поени.
Колштад водеше во текот на цело прво полувреме против Загреб (16-13), меѓутоа хрватскиот тим влезе во одличен ритам во вториот дел и набрзо поведе со 22-19. Сепак, гостинскиот состав не се предаваше и на крајот го сврте резултатот во своја корист (25-24), меѓутоа Загреб избори бод (25-25).
Загреб е последен со седум бодови, додека Колштад е на шестата позиција со девет поени во групата Б.