
Во Мадрид повторно беснеат: На Рајо му е поништен гол, сите се прашуваат зошто (ВИДЕО)
Во финишот од првото полувреме Де Фрутос го совлада Шчесни и постигна гол за потенцијално израмнување, но тој беше поништен поради офсајд. Де Фрутос не се наоѓаше во недозволена позиција, но играта сепак беше прекината, а голот поништен за што објаснувањето стигна по натпреварот.
При додавањето кон Де Фрутос, напаѓачот на Рајо, Нтека беше во офсајд и го блокираше Ињиго Мартинез да стигне до фудбалерот кој ја имаше топката. Веројатно стоперот на Барселона немаше да стигне навреме да изблокира, но сепак местоположбата на Нтека е клучна за голот да не биде признат.
Тоа не беше единствената спорна одлука на овој меч. Медиумите во Мадрид имаат забелешка и на пеналот кој беше досуден за Барселона, но и за ситуацијата во која Форт имаше контакт со Мумин, а за тоа не беше покажано на белата точка за гостинскиот тим.
Интересно е тоа што поплаките доаѓаат само од медиумите поврзани со Реал Мадрид, но не и од членовите на Рајо Ваљекано. Претседателот на овој клуб по натпреварот изјави дека нема да објавува никакви соопштенија бидејќи во Шпанија судат најдобрите арбитри во светот. Исто така, судиските експерти во Шпанија воопшто немаа дилема дека голот на Рајо Ваљекано е правилно поништен, туку се осврнаа на другите спорни ситуации на натпреварот.