
АИ пресмета: Јунајтед со минимални шанси за топ-10, а можеби нема да влезе ни во најдобрите 15
Во моментов, „ѓаволите“ се на 15. позиција на табелата во англиското првенство и мали се шансите да забележи значаен прогрес, меѓу другото и поради тоа што дел од главните играчи се повредени и ги очекува долга пауза. АИ пресмета дека најмногу што може да се искачи Јунајтед до крајот на сезоната е 12. место на табелата, но поверојатно е да биде 13. (17,3%) или да заврши на 16. позиција (12,1%). Шансите некако да стигне до топ-10 се минимални и изнесуваат околу 5%.
Прв фаворит за титулата според АИ е Ливерпул со 85,8%, зад него е Арсенал со 14,1%, а само уште на Манчестер му се даваат шанси да се вмеша во борбата за трофејот и тоа 0,1%.