
Лил со два гола го реши Рен и се врати во трка за топ-4 во Лига 1
Акпом ја имаше најдобрата шанса во првиот дел, но не реализираше пенал за Лил, по што двата погодоци беа постигнати во самата завршница.
Лил го скрши отпорот на Рен во 80. минута преку Бенталеб, а само шест минути подоцна Акпом погоди за конечни 2-0.
Со оваа победа, Лил се врати во трката за топ-4, односно се наоѓа на петтата позиција со 38 бодови, поточно два помалку од Ница и Монако.