
Не игра во НБА, но трет пат во низа победи во натпреварот во забивање (ВИДЕО)
Ѕвездата на развојната лига приреди извоноредно шоу со четири совршени оценки во сите четири забивања.
„Тоа е нешто што сакам да го правам. Тука доаѓа до израз мојата креативност, искрено го сакам ова натпреварување, сакам да забивам“, изјави Мекланг.
Покрај Мекланг, само Нејт Робинсон победи исто така три пати (2006, 2009, 2010). Првото забивање Мекланг го изведе преку автомобил, додека клучното, последното го направи преку Иван Мобили кој ја држешше топката зад главата.
Посебно интересно беше што Мекланг пред да забие со топката дополнително го допре обрачот и така ги воодушеви сите. Зад Мекланг заврши Стефон Касл од Сан Антонио, додека Матас Бузел од икаго и Андре Џексон натпреварувањето го завршија во првата рунда.