Ибра објасни зошто тој, а не Консеисасо се појави на пресот по мечот со Верона!

Милан со гол на Хименез вчера ја совлада Верона со 1-0, а по мечот со новинарите не разговараше тренерот Серџо Консеисао, туку на негово место беше Златан Ибрахимовиќ.

Вчера почина легендарниот претседател на Порто, Жорге Нуно Пинто да Коста. Умре на 87 години.

Тој беше претседател на Порто цели 42 години, од 1982 до 2024 година, освојувајќи 68 трофеи во неговата ера.

Доста од нив освои Консеисао. Како играч трипати ја освојуваше португалската лига, го освојуваше и купот и суперкупот.

Како тренер исто така трипати го освои првенството, четирипати триумфираше во португалските купови, и трипати во Суперкупот.

Жорге Нуно да Лима Пинто да Коста го држи рекордот во најмногу освоени трофеи и најмногу денови поминати како претседател на еден клуб.

Токму поради смртта на легендарниот претседател на Порто, Консеисао бил во состојба да зборува со медиумите, туку го пратил Ибрахимовиќ.

„Јас сум тука бидејќи тренерот е во соблекувалната, тој е многу потресен од смртта на претседателот на Порто, тој му беше како татко. Па јас сум тука“, објасни Ибрахимовиќ.