Хорор во Њу Орлеанс: Коментатор пронајден мртов пред Супербоул

Американскиот новинар и коментатор Адан Манзано бил пронајден мртов во својата хотелска соба во Њу Орлеанс, неколку часа пред финалето од НФЛ одиграно во неделата.

Се сомнева дека тој е убиен бидејќи камерите од камерите во хотелот е забележана жена која влегува во неговата соба околу 5 часот наутро. Полицијата известува дека станува збор за извесна Данет Колберт која има дебело полициско досие, била и в затвор пред три години и е обвинета за кражба на 100 илјади долари на своето момче во хотелска соба во Лас Вегас.

Полицијата сега утврдува дали Манзано бил дрогиран пред смртта бидејќи Колберт е специјалист и за опојни дроги. Новинарот требало да го води Супербоул за телевизијата Телемундо Канзас Сити.