Фудбалерот кој беше обвинет за шест силувања пронајде нов клуб

Поранешниот фубалер на Манчестер сити, Бенџамин Менди кој има 30 години пронајде нов клуб и потпиша за Цирих откако ја прекина соработката со француски ЛОриент.

Менди во кариерата го освои и Светското првенство со Франција, а во Манчестер сити заработуваше 500.000 фунти неделно, но потоа се соочи со обвинувања за тешки казнени дела. Французинот беше обвинет за дури шест силувања и еден обид за силување.

Заврши Менди и во притвор, клубот се откажа од него. Тоа го направија и повеќе негов соиграчи, додека од јавноста трпеше жестоки осуди. Менди во процесот констатно тврдеше дека е невин, меѓутоа ретко кој му веруваше. Сепак, пред година ипол ослободен беше од сите обвиненија и се врати на фудбалот.

Договорот со англискиот гигант му истече, па потпиша договор со Лориен каде што последниот натпревар го одигра во текот на летото. Додека беше во потрага по нов ангажман тренираше сам, а сега се најде клуб кој сака да му даде шанса.