![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/10/248175-uefa-mu-zabrani-na-baern-da-gi-nosi-crvenite-dresovi-vo-lsh.jpg?itok=pHresruA)
УЕФА му забрани на Баерн да ги носи црвените дресови во ЛШ
Имено, според пишувањето на „Билд“ проблемот е што црните броеви на црвениот дрес не се гледаат доволно јасно кај гледачите пред малите екрани, но и на трибините. Така, ако Баерн во иднина сака да ги носи овие дресови, ќе мора да се прилагоди на правилата, односно бројката и презимето да бидат со бела боја.
Во досегашните натпревари во Лигата на шампионите, Баерн носеше црн или бел дрес, а во среда ги очекува натпреварот против Селтик.
И во овој натпревар нема да го носат својот црвен дрес, иако шкотскиот гигант ќе игра во зелено-бела комбинација.