Дончиќ бираше музика на дебито, во Крипто арената ечеше Ана Бекута (ВИДЕО)

Ју-хитови се слушнаа секојдневно во Далас додека Лука Дончиќ беше таму, а очигледно репертоарот сега се сели во Лос Анџелес.

Пред своето деби во дресот на Лејкерс, Словенецот очигледно бирал музика, па во Крипто арената ечеше познатата српска пејачка Ана Бекута додека Дончиќ се загреваше со шутирање тројки од аголот.