Постариот брат рушеше сѐ пред себе на СП, а помладиот забива како – Мајкл Џордан (ВИДЕО)

Двајца браќа во различни спортови и не е така ретка појава дури и во мала држава како нашата, но кога тие се успешни и квалитетни како браќата Стојковиќ, тоа дефинитивно е за посебно одбележување.

Постариот Марко (21 година) е веќе познат и признат кружен напаѓач во дресот на Алкалоид, кој е и репрезентативец на Македонија на последните неколку големи натпреварувања, со забележителен настап на неодамнешното СП во Вараждин. Тој настапи на сите шест меча на Мундијалот, постигна два гола, но имаше огромен удел во играта во одбрана.

Помалиот, пак, брат Стефан (18 години) без разлика на возраста веќе е стандарден прволигашки кошаркар во дресот на Феникс, кој поради стекнување искуство сезонава настапува и за второлигашот Водно санс. Тој токму во дресот на овој клуб викендов го имаше најатрактивното забивање на кошаркарските терени во Македонија, вредно за одбележување.

Уживајте!