Атлетичарот Стефановски вторпат во 20 дена го сруши државниот рекорд во седмобој!

Еден од најперспективните македонски атлетичари, Огнен Стефановски, изминатиов викенд го урна националниот рекорд во седмобој во сала и тоа по вторпат за само 20-тина дена, поставувајќи ново највисоко достигнување од 4879 поени на националното првенство на Хрватска.

Со овој резултат, тој го подобри сопствениот рекорд за 67 поени, потврдувајќи ја својата извонредна форма. Овој успех доаѓа само неколку недели откако Стефановски на 20 јануари на националното првенство за повеќебој на Србија го постави претходниот рекорд со 4812 поени, освојувајќи второ место.

Тој пред точно една година сруши и еден од најстарите рекорди во македонската атлетика и тоа во скок со стап, кога прескокна 3,65 метри и го собори дотогаш најдоброто остварување од 1969 година.