Хрват од БиХ остана без заб во историската елиминација на Ливерпул во ФА купот (ФОТО)
Овој инцидент не го спречи хрватско-босанскиот дефанзивец да одигра извонреден меч и да биде прогласен за играч на натпреварот во сензационалната победа на неговиот тим од 1-0 против лидерот на Премиер лигата. Плимут, кој е на дното на Чемпионшип, направи огромно изненадување во четвртото коло од ФА Купот, совладувајќи го тимот од „Енфилд“ со гол на Рајан Харди од пенал. Катиќ, кој во оваа зима пристигна на позајмица од швајцарски Цирих, одигра клучна улога во одбраната и со своите интервенции го спречи Ливерпул да дојде до израмнување. Тој и покрај повредата го заврши натпреварот со огромна пожртвуваност, а Плимут дури се пошегува на социјалните мрежи објавувајќи негова фотографија по мечот. Кратко потоа, клубот информираше дека изгубениот заб бил пронајден на тревникот.
По натпреварот, Катиќ ги сподели своите емоции.
„Е*ено уживам, затоа дојдов тука! Од првиот ден кликнав со тренерот и енергијата во тимот. Ова е само почеток за нас!“
Локалниот медиум „Плимут Хералд“ му додели висока оцена 9 за настапот, истакнувајќи дека по повредата брзо се вратил во игра, блокирал удари и бил лидер во одбраната. Катиќ е поранешен младински репрезентативец на Хрватска, но минатата година го искористи правилото на ФИФА за промена на спортско државјанство и дебитираше за БиХ.