Пелистер е во криза, Феникс реди победи

Eкипата на Феникс славеше победа од 86-77 и така ја продолжи кризата во редовите на битолски Пелистер.

Феникс со победата ја продолжи и добрата серија бидејќи го запиша четвртиот триумф во низа, додека Пелистер на другата страна има лош почеток 2025 година. За битолскиот состав ова беше четврти пораз во петтиот натпревар со Трајковиќ на клупата.

Од почетокот до крајот Феникс ја имаше контролата над резултатот, но водството не беше превисоко, а Пелистер на моменти успеваше да се врати и да дојде на еден поен разлика, а пред крајот на првиот дел и поведе. Сепак, Феникс брзо возврати и на пауза замина со минимално водство од 49-48.

Продолжи контролата над резултатот од домаќините и во второто полувреме кога гледавме слична слика на паркетот. Феникс поведе со 74:65, Пелситер се врати до „минус еден“, но одново тука домашниот состав додаде гас и стигна до победата.

Бертанд беше најефикасниот во Феникс со 33 поени, додека кај Пелистер Стајиќ уфрли 19.

Во вториот натпревар Чаир на гостински терен го совлада Вардар со 81-107.