Тензија во Барселона: Пења и Флик во кавга, голманот сака да си оди

Ињаки Пења беше стандарден првотимец на Барселона во есенскиот дел од сезоната, но од нова година го загуби своето место на голот за сметка на Војчех Шчесни.

Тоа не му се допадна на шпанскиот голман, па пред два дена Пења имал жестока кавга со тренерот Ханси Флик, обидувајќи се да дознае зошто повеќе не е прв избор. Тој смета дека не направил никакви грешки кои влијаеле на резултатите на Барселона поради кои евентуално би бил преместен на клупата.

Флик се обидел да му ги пренесе своите причини за промената на стартниот голман, но Пења одбил да ги прифати. Меѓу другото, му кажал дека неколку пати задоцнил на собири на екипата и ова му е своевидна казна за таквото однесување.

Поради сето тоа, Пења сериозно размислува да си замине од Барселона претстојното лето. Оваа сезона имаше неколку блескави настапи, пред се Ел Класико на Бернабе каде забележа низа фантастични интрвенции и буквално ги откажа противничките напаѓачи, а Барселона славеше со 4-0.