„Влаховиќ прв дотрча до Муани да го прослави голот“

Доаѓањето на Рендал Коло Муани би можел целосно да го промени статусот на Душан Влаховиќ во Торино.

Јувентус вчера го победи Комо со 2-1, а двоен стрелец повторно беше Французинот кој во првите три настапи за „старата дама“  постигна пет голови.

По натпреварот новинарите за статусот на Влаховиќ прашање му поставија на тренерот Мота.

„Денес не учествуваше, а во минатиот натпревар влезе во игра и постигна гол...Прв денеска дотрча до Коло Муани кога постигна гол на крајт. Секогаш тренира добро и сигурно дека исто како: Даглас, Кефрен и Франциско кои беа на клупата не е среќен бидејќи не играчи, но тие знаат дека единствениот начин е да продолжат да работат и кога ќе дојде нивната прилика да го дадат најдоброто од себе“, изјави Мота.

Влаховиќ со Јувентус има договор до 2026 година и во овој момент води преговори за продолжување на соработкат, но истите не одат во најдобра насока.