Манчестер сити прими гол од половина терен! (ВИДЕО)

Манчестер сити попладнево го игра натпреварот против Лејтон Ориент во ФА Купот, а дуелот за „граѓаните“ не започна најдобро.

Се играше 16. минута кога домаќините изненадувачки стигнаа до водство и тоа на еден неверојатен начин - со гол од половина терен. Фудбалерот на Лејтон Ориент забележа дека Ортега е излезен, шутираше од огромна далечина, а топката од пречката заврши во грбот на Ортега, па во мрежата.