Oткриени платите во Формула 1: Ферстапен и понатаму на врвот

Пред почетокот на новата сезона во Формула 1 откриени се и платите на возачите.

По тестирањето на болидите првата трка е закажана за на 16 март кога ќе се вози за Големата награда на Австралија, а сезоната ќе заврши со трката во Абу Даби на 7 декември.

Бранител на титулата и оваа сезона е Макс Ферстапен кој доминира од 2021 година со четири титули во низа. Холанѓанецот воедно е и најплатениот возач во календарската година со плата од 65 милиони американски долари.

Зад него со пет милиони помалку е седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон кој сезонава ги промени боите и ќе вози за Ферари. На листата потоа следат: Леклер (34 милиони долаи), Фернандо Алонсо (20 милиони долари), Ландо Норис (20 милиони долари), Џорџ Расел (15 милиони долари)...