Во Исланд паѓаат оставки поради хрватскиот селектор!

Претседателот на Исландската ракометна федерација, Гудмундур Б. Олафсон си поднесе оставка, а причината е притисокот поради лошите резултати на Светското првенство и неговата одлука во минатото да го игнорира сегашниот селектор на Хрватска, Дагур Сигурдсон.

Исланд испадна во вториот круг, заврши зад Хрватска и Египет. На Исланѓаните им преуди пораз од Хрватска, а на тој натпревари ги изненади сонародникот Дагур Сигурдсон кој како селектор ги предводеше Хрватите. Сигурдсон на тојмеч користеше одбрана 5-1 која до тој меч на турнирот не ја практикуваше.

По тој меч се создаде притисок од исландската јавност за тоа како можеле да го загубат селекторот, тој да стане предводник на друга репрезентација, а не на нивната.

Притисокот беше дотолку голем што претседателот на федерацијата мораше да си ги спакува куферите и да си замине од функцијата.