Ван Дајк: Никој ништо не знае за мојата иднина!
Се појавија вести од Англија дека Ван Дајк и Салах се договориле со Ливерпул за продолжување на соработката. На двајцата договорите им истекуваат по крајот на сезоната.
Но, по вчерашниот меч против Тотнем, Ван Дајк ги негираше таквите информации.
„Не знам што ќе донесе иднината. Кој и да вели дека знае нешто, не знае ништо“, одговори Ван Дајк на прашањето за неговата иднина.