Хамилтон купил подароци за 3.000 вработени во Мерцедес (ВИДЕО)

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од оваа сезона вози за Ферари, откако претходно голем дел од кариерата помина во Мерцедес.

Хамилтон пред да замине од Мерцедес решил да купи подароци за 3.000 вработени во екипата. Англиските медиуми пишуваат дека возачот ангажирал познат уметник за да направи ремек-дело, односно слика од неговиот болид на Големата награда на Монако во 2019 година и секој од членовите добил примерок.

Британскиот возач ќе се обиде со италијанската екипа да стигне до рекордната осма титула во „најбрзиот циркус“. Тој во моментов е израмнет со легендарниот Михаел Шумахер по број на шампионски титули.