Сензационална елиминација на Медведев, Алкараз има отворен пат кон титулата

Рускиот тенисер Данил Медведев доживеа сензационална елиминација во второто коло од турнирот во Ротердам откако загуби од 92. светски рекет Матија Белучи со 1-2 (3-6, 7-6, 3-6).

Вториот носител на турнирот пропушти дури 11 брејк топки, искористи само една и тука треба да се бараат причините за неговиот пораз. Имаше и осум двојни сервис грешки, но во текот на целиот меч изгледаше деконцентрирано и не успеа да го пронајде вистинскиот ритам.

По елиминацијата на Медведев, Карлос Алкараз кој е прв носител има отворен пат кон трофејот во Ротердам и покрај тоа што во конкуренција остануваат Руне, Де Минор, Циципас, Рубљев и Хуркач. Шпанецот денеска ќе игра против 317. на АТП листата, Андреа Вавасори од Италија.