Најлудата приказна од преодниот рок: Го платија 18 милиони евра, па го продадоа за 25 и го задржаа до лето!
Младиот грчки фудбалер прво го доведе Нирнберг за 18 милиони евра колку што мораше да му плати на ПАОК за откуп на неговиот договор, а само неколку часа подоцна го продаде во Англија.
Нирнберг така направи рекорден трансфер за еден клуб во германската втора лига, но и откако го продаде на Брајтон го задржа Цимас на позајмица до крајот на сезоната.
„Многу сум среќен што мојот сон за играње во Премиер лигата ќе се оствари ова лето. Сакам да се заблагодарам на Нирнберг за шансата и довербата која ми ја пружија“, изјави Цимас.
Во актуелната сезона Цимас на 18 натпревар за Нирнберг постигна девет гола и подели две асистенции.
Welcome to the south coast, Stefanos! 💙🤍 pic.twitter.com/Rd1cGeXAao
— Brighton & Hove Albion (@OfficialBHAFC) February 3, 2025