„Скромниот“ Роналдо повторно се истакна: Јас сум најдобар во историјата и точка!

Непосредно пред својот 40. роденден, Кристијано Роналдо во интервју за шпанскиот Ел Чирингито повторно покажа дека скромноста не му е најсилна страна.

Како многу пати во минатото, португалскиот ас се стави себеси на пиедестал и порача дека тој е најдобар.

„Досега постигнав 923 гола, но не ми е важно дали ќе стигнам до 930, 950 или колку и да е. Ако успеа да постигнам 1.000, супер, ако не, исто така е во ред. Но, бројките не лажат, јас сум најдобар фудбалер во историјата и точка!“, порача Роналдо.

Потоа го објасни своето тврдење со зборовите дека е најкомплетен од сите.

„Можеби ги преферирате Пеле, Меси или Роналдо. Тоа го разбирам и почитувам, но јас сум најдобар и најомплетен од сите. Не сум видел подобар фудбалер од мене, добар сум во игра со глава, добар изведувач на слобни удари, шутирам добро и со лева и со десна нога, брз сум, силен, високо скокам... Ако некој каже дека Роналдо не е комплетен фудбалер, тоа е лага“, додаде Роналдо.

Во продолжение од интервјуто, Португалецот истакна дека најсреќен бил во Реал, но дека се преселил во Реал затоа што сакал нов предизвик во кариерата.