Манчестер Сити ја потврди замената за Родри вредна 60 милиони евра!
Англискиот шампион потроши големи пари во јануарскиот преоден рок, а последно засилување им е Нико Гонзалез за кој дадоа 60 милиони евра.
Тој стави потпис на договор до 2029 година.
„Манчестер Сити го комплетираше потписот на Нико Гонзалез од Порто. 23-годишниот фудбалер доаѓа во Сити на четири ипол годишен договор според кој ќе остане во клубот до јуни 2029 година“, стои во соопштението.
Гонзалез е четврто засилување за Манчестер Сити во овој преоден рок, претходно клубот потпиша со Абдукодир Хусанов, Витор Реис и Омар Мармуш.
Нико Гонзалез е фудбалер кој потекнува од школата на Барселона.