Навивачите на Далас на морбиден начин се збогуваа со Дончиќ – со погреб и ковчег (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ повеќе не е дел од Далас Маверикс, откако по повеќе од шест години беше разменет во ЛА Лејкерс, а на негово место во Тексас пристигна американскиот репрезентативец и центар, Ентони Дејвис.

Веста за трансферот предизвика бурни реакции кај навивачите на Далас, кои разочарано го испратија својот поранешен миленик на несекојдневен начин. Неколку обожаватели организираа симболичен „погреб“ за Дончиќ, изработувајќи импровизиран ковчег.

На собирот се појавија транспаренти со пораки како „Најлошата размена во историјата“ и „Те сакаме, Лука“. Еден од навивачите дури и на шега го коментираше физичкиот изглед на Дончиќ, велејќи: „Видете, не е толку тежок“, алудирајќи на вишокот килограми што ги доби за време на паузата поради повреда.