Адеми стартер против Милан, Миовски резерва на дуелот со Арсенал

Вечерва се играат натпреварите од последното коло во Лигата на шампиони (ЛШ), а во акција ќе бидат и македонските фудбалери.

Аријан Адеми ќе биде стартер во дуелот против Милан на „Максимир“, додека Стефан Ристовски ќе чека шанса од клупата за резерви.

Хрватскиот гигант сè уште има шанси за пласман во следната фаза од елитното натпреварување, но мора вечерва да ги совлада „росонерите“.

Жирона вечерва го пречекува Арсенал, а македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ќе чека шанса од клупата.  Шпанската екипа ги загуби шансите за пласман понатаму, откако славеше само еднаш и загуби шест натпревари.