Ракометар на Пелистер тешко повреден и итно одвезен со брза помош во болница!

Ракометарот на Пелистер Нејц Цехте кој на Светското првенство го носи дресот на Словенија заработи тешка повреда во денешниот натпревар кој неговата селекција го доби со Аргентина.

Цехте при еден обид да постигне гол доби удар со лакт во пределот на рбетот од противникот по што падна на теренот, а веднаш втрчаа и лекарските екипи да му укажат помош. Прекинот во кој се укажуваше помош на Цехте траеше десетина минути.

Засега нема информации, но со оглед на тоа што Цехте не можеше да стои на нозе и беше изнесен на носилки многу веројатно се работи за потешка повреда.

Отсуство на Цехте сигурно би било сериозен удар за Пелистер во вториот дел од сезоната кога битолчани ги чека битката за титулата во домашното првенство и натпреварит од Европската лига.