„Хрватите нѐ апсеа и казнуваа со по 173 евра само зашто си ја сакаме Македонија!“ (ВИДЕО)
Наводните инциденти се случија за време на синоќешниот натпревар помеѓу Македонија и Гвинеја, при што навивачите обвинија за претерани претреси и малтретирања на влезовите во салата. Ракометната федерација на Македонија (РФМ) веќе реагираше на ваквото однесување.
„Хрватската полиција апсеше македонски навивачи само зашто си ја сакаат татковината“, беше еден од коментарите на социјалните мрежи.
Некои од приведувањата, како што се наведува, биле заради банални причини, вклучувајќи гестикулации кон други навивачи или присуство во алкохолизирана состојба. Македонските фанови, кои го наполнија капацитетот на салата во Вараждин, го осудија однесувањето на локалните власти, обвинувајќи ги за непотребна демонстрација на сила.
Покрај салата во Вараждин, останатите арени каде што се одржуваат натпреварите во Хрватска остануваат полупразни, што само го засили разочарувањето на македонската публика од целокупната организација. Прашање е сега после вчерашниот инцидент колкава ќе биде бројката македонски навивачи на следните три натпревари во овој хрватски град од втората фаза на СП, во која играме против Австрија (вторник), Катар (четврток) и против Франција (сабота).