Нурмагомедов со скршена рака се борел пет рунди (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

Одлична борба имаа Умар Нурмагомедов и Мераб Дваишвили во УФЦ 311, каде што Грузиецот на крајот успеа да победи по пет рунди.

Дваишвили беше одличен во рингот, но во негов прилог било и тоа што Нурмагомедов уште на стартот на првата рунда ја скршил раката.

Нурмагомедов не се откажал без разлика на скршеницата, туку се бореше пет рунди и имаше свои шанси за победа.