Драма во Мелбурн: Од огромната жештина, колабира момче што собира топки (ВИЕО)

Горештините во Мелбурн им прават проблеми и на тенисерите, но и на оние што се задолжени за придружните елементи на Гренд слемот.

Едно од момчињата задолжени за собирање топчиња колабира на теренот за време на мечот во двојки меѓу Бирел/Смит и Шурс/Пуец. Тенисерите забележаа дека нешто не е в ред со него, па притрчаа и го придржаа да не се струполи на теренот.

Притрчаа и медицинските служби кои му пружија помош на младото момче кое потоа во количка замина во соблекувална.