Данска телевизија ја нападна Фалангата, па доби контра-удар од Лазаревски!
„ТВ2“ го опиша однесувањето на македонските навивачи како „неконтролирано“, дополнително барајќи потврда за своите ставови преку изјави од македонските репрезентативци. Меѓутоа, Милан Лазаревски даде јасен контра-удар на провокативните прашања, истакнувајќи дека културните разлики не треба да се судат еднострано.
„Можеби е различно и невообичаено кај вас во Скандинавија, но тука тоа не е ништо необично. Не е секогаш најпријатно, но не е ни толку драматично како што изгледа од страна“, изјави Лазаревски.
На прашањето дали е подобро ваквите навивачи да се отсутни од трибините, Лазаревски категорично негираше.
„Секако дека ги сакам на секој меч. Македонските навивачи секогаш ни даваат поддршка, и ако треба нешто да се дискутира, тоа ќе го направиме приватно, не јавно. Никогаш нема да ги критикувам“, дополни пикерот на Вардар.
Ова е уште еден извештај на данската телевизија во кој го истакнува своето критичко гледиште кон балканскиот ракомет, истовремено промовирајќи ја супериорноста на скандинавскиот стил. Акцентот синоќа беше ставен на трибините и револтот на македонските навивачи кон данските судии, наместо на спортските аспекти на теренот.