Хрватска остана без Дувњак, па селекторот го повика миленикот на „Комити“
Дувњак мораше да биде заменет уште во осмата минута од средбата, а по натпреварот пристигнаа и првите информации за повредата. Од Ракометниот сојуз на Хрватска информираа и дека на местото на Дувњак дополнително е повикан поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ.
„По прегледите со магнетна резонанца утврдена е повреда на листот. Поради тоа селекторот Дагур Сигурдсон го повика Игор Карачиќ да се приклучи на репрезентација и тој треба да биде пристигне во текот на денешниот ден“, потврдија од Ракометниот сојуз на Хрватска.
Засега не е познато дали турнирот за Дувњак е завршен, меѓутоа игурно е дека нема да биде во комбинација за настап против Египет кој е важен за Хрватите во битката за четвртфинале и бодови во втората фаза.
Во најлошото сценарио Дувњак би го завршил турнирот, а со тоа и репрезентативната кариера. За ветеранот ова е последно големо натпреварување со оглед на тоа дека име 36 години.