Мекгрегор обвинет дека сакал да силува политичарка (ВИДЕО)

Легендарниот УФЦ-борец, Конор Мекгрегор повторно се соочува со проблеми, откако беше обвинет за ново силување.

Мекгрегор во јуни 2023 година за време на дуелот меѓу Денвер и Мајами во тоалет нападнал 49-годишна жена.

„ТМЗ“ објави дека станува збор за 49-годишна жена, кој сакала да остане анонимна поради нејзината политичка функција.

Адвокатката на контроверзниот борец по обвинувањата кажа дека ќе одат на суд, но случајот ќе биде затворен затоа што приказната е измислена и нема докази против Мекгрегор.