Атаман збесна по поразот од Барса: Требаше да играме кошарка, а не рагби
За поразот во Блауграна, турскиот стручњак за тоа ги обвини судиите и нивниот критериум на тој меч.
„Играме кошарка, ова не е американски фудбал. Во второто полувреме ни досудија 9 лични грешки во напад, првпат гледам вакво нешто. Потпишавме да играме кошарка, ние сме многу добра кошаркарска екипа, ако играме рагби или американски фудбал со овие судии на гостувања, сигурно ќе ни биде многу тешко да победиме“, изјави Атаман.
По вчерашниот пораз Панатинаикос падна на четвртото место на евролигашката табела со две победи помалку од лидерот Олимпијакос.