Јокиќ не играше, Хјустон го растури Денвер (ВИДЕО)

Уште еднаш се потврди дека Денвер Нагетс без Никола Јокиќ е само просечна екипа, без разлика во каква форма се останатите играчи.

Српскиот ас не настапи на ноќешниот натпревар против Хјустон, па тимот од Тексас без никакви проблеми, како гостин славеше со 128-108 и се зацврсти на втората позиција на табелата во Западната конференција. Јокиќ не играше поради воспаление на лактот на десната рака и пропуштениот меч е шести за него оваа сезона.

Се беше решено уште во првото полувреме кое Хјустон го доби со 69-48, па останатите 24 минути беа само рутина и нешто посериозен тренинг за двете екипи. Грин го предводеше Хјустон со 34 поени, додека Браун и Мареј со по 22 беа најефикасни кај Денвер.

Рокитс со два меча помалку има победа повеќе од третопласираниот Мемфис, додека Денвер е четврти на Западот. Поразот од Хјустон беше прв по серија од четири победи.

РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија - Њујорк 119-125
Торонто - Бостон 110-97
Чикаго - Атланта 97-110
Милвоки - Орландо 122-93
Њу Орлеанс - Далас 119-116
Сан Антонио - Мемфис 115-129
Денвер - Хјустон 108-128
Јута - Шарлот 112-117
Минесота - Голден Стејт 115-116
ЛА Лејкерс - Мајами 117-108
ЛА Клиперс - Бруклин 126-67