Данска и Австрија сигурни на стартот на СП 2025

Вечерва беа одиграни уште два натпревари на Светското првенство (СП) во ракомет, а до триумфи стигнаа Данска против Алжир (47-22) и Австрија против Кувајт (37-26).

Данска без посериозни проблеми го диктираше темпото на игра во првото полувреме и го доби со 20-11, додека во вториот дел беше уште поразиграна и до крајот стигна до 47-22. Најефикасен во победата беше Гидсел со 10 голови, додека Адби постигна шест погодоци за Алжир.

Кувајт даде голем отпор против Австрија во првиот дел (16-18), меѓутоа во второто полувреме гледавме доминација на Австријците кои славеа со 37-26. Најдобри во редовите на Австрија беа Дамбок и Фримел со по пет голови, додека Ал Давани и Ал Хендаи запишаа по четири погодоци за Кувајт.