Кузмановски: Со нетрпение го чекаме почетокот, подготвени сме!

Филип Кузмановски е еден од најискусните македонски ракометари на Светското првенство (СП), а пред првиот меч против Унгарија вели дека тој и неговите соиграчи се свесни за големиот предизвик на стартот.

Кузмановски посочи дека македонските репрезентативци се подготуваат од првиот ден за дуелот против Унгарија и смета дека може да му парираат на фаворитот.

„Од самиот почеток се подготвуваме за Унгарија. Знаете дека на првите натпревари на СП понекогаш се случуваат и изненадувања. Мотивирани сме уште од дуелите против Фарски Острови. Си докажавме дека можеме да играме против големи ривали. Тимот дише како еден и сакам да играме најдобро што знаеме. Свесни сме за тоа колку беше тешко да се дојде до овде, поминавме низ најтешкото и сега треба да уживаме“, кажа Кузмановски.

Македонија го игра првиот меч против Унгарија утре од 20.30 часот, а потоа ѝ следат дуели против Холандија и Гвинеја.