Меси се враќа во Барселона пред крајот на кариерата!?
Можност за такво нешто ќе се отвори ако тој прифати продолжување на договорот со Интер Мајами до крајот на 2026 година, а во Барселона би заиграл во јануари идната година, во паузата меѓу две сезони во МЛС. Со цел да ја задржи формата пред Светското првенство, а со оглед на тоа што паузата во МЛС трае околу четири месеци, Интер Мајами ќе му остави можност на Меси да заигра во Европа во периодот додека нема фудбал во САД.
Со тоа, тој ќе може повторно да заигра за Барселона, нешто слично како што направи Тиери Анри во 2012 година кога како играч на Њујорк Ред Булс се врати во Арсенал и одигра уште два месеџа за „топчиите“.
Сепак, прашање е дали е ова реално остварливо ако се имаат предвид односите меѓу Меси и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта кого Аргентинецот го смета за директен виновник што си замина во 2021 година, а потоа и што не се врати во 2023 година, пред да се пресели во Интер Мајами.