Ниту Ливерпул, ниту Манчестер: Шпанскиот репрезентативец се сели во Лондон!
Зубименди наводно веќе го известил Реал Сосиедад дека сака да замине, но на крајот прифатил да остане до лето кога треба да се пресели во Лондон.
Арсенал е спремен да ја активира неговата откупна клазула и бидејќи како што се тврди има согласност од фудбалерот, Реал Сосиедад нема да може да го задржи.
Ќе потсетиме, Зубименди досега ги одби Барселона, Баерн Минхен и Ливерпул, беше верен на Сосиедад, но сега сфати дека е време за нов предизвик и преселба во поголем клуб.
„Топџиите“ така добиваат фудбалер кој има 25 години и еден од најдобрите на својата позиција, а во Лондон повторно ќе има можност да ја дели соблекувалната со неговиот поранешен соиграч Микел Мерино.
Martin Zubimendi will join Arsenal in the summer. 🇪🇸
— Jerry (@AFC_Jerry) January 14, 2025
The deal is virtually agreed. Arsenal will pay his €60m release clause.
Here’s what Zubimendi will add to this Arsenal squad.
A thread 🧵 pic.twitter.com/hUacVKbY7A