Милан и Лајпциг се договорија, но трансферот на Окафор на крај - пропадна!

Mилан и Лајпциг постигнаа договор, фудбалерот прифати трансфер, но на крајот Ноа Окафор сепак нема да се пресели во тимот од кој дел е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Напаѓачот пристигнал и во Германија да го комплетира трансферот, но според последните информации на медиумите се пропаднало во последен момент откако не ги поминал лекарските прегледи.

Лајпциг по прегледите одлучил дека фудбалерот не е во потребната физичка форма и го откажал трансферот.

Окафор требаше да потпише за германскиот тим како позајмен фудбалер со право на откуп од 25 милиони евра.