Симеоне разочаран од односот на Ла Лига: Подобро да молчам...

Во Атлетико Мадрид не сакаат да молчат и сметаат дека Ла Лига ги фаворизира нивните риввали во битката за титулата, Реал Мадрид и Барселона.

Имено, „јорганџиите“ се незадоволни од дозволата која ја доби Барселона за одново да ги регистрира Олмо и Пау Виктор, но исто така и од казната од два натпревари која ја доби Винисиус Жуниор за инцидентот со Столе Димитриевски.

Новинарите на прес-конференцијата му поставија прашање на Симеоне на оваа тема, а одговорот на Аргентинецот беше краток.

„Подобро да молчам, ако зборувам можам да бидам казнет“, изјави Симеоне.

Ќе потсетиме, Атлетико и претходно објави соопштение во кое ја критикуваше регистрацијата на тандемот на Барселона. На табелата во Ла Лига, Реал Мадрид е лидер со 43 бода, Атлетико со натпревар помалку има 41, додека Барселона е на 38.