Јокиќ: Мислев дека ќе умрам во првото полувреме!

По два пропуштени натпревари Никола Јокиќ се врати на теренот, но рече дека не се чувствувал добро додека играл.

Јокиќ го запиша 15. трипл-дабл оваа сезона постигнувајќи 35 поени, 12 скокови и 15 асистенции во триумфот над Бруклин од 124-105.

„Се чувствувам подобро отколку претходните денови. Со помош на стручниот штаб, добив многу третмани. Ми дадоа пакет со течности, антибиотици и некои други работи. Не знам што точн, но само пиев, за се, од главата, носот, градите и грлото. Телото ми е навистина лошо и ситуацијата беше тешка“, открива Јокиќ.

„Се чувствував многу поуморно денеска. Второто полувреме беше подобро од првото, во првото мислев дека ќе умрам“.