Манчестер сити ќе плати 80 милиони евра за засилување од Бундеслигата

Англискиот шампион Манчестер сити е активен на почетокот на јануари и веќе разговара со неколку фудбалери кои треба да го засилат гигантот во следниот период.

Откако беше постигнат договор со Хусанов, „граѓаните“ имаа успешни разговори и со Омар Мармуш од Ајнтрахт Франкфурт, но допрва следат преговорите меѓу двете екипи.

Франкфурт ќе го продаде талентираниот Египќанец, но само за сума од 80 милиони евра која не треба да претставува проблем за „граѓаните“.

Мармуш оваа сезона настапи на 15 меча во Бундеслигата, а притоа постигна 13 голови и осум асистенции.