Претседателот на Севилја „распали“ по Реал Мадрид и Барселона

Барселона по голема драма успеа да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор, но тоа не му се допадна на претседателот на Севилја, кој вели дека се прекршени правилата.

Барселона доби дозвола за регистација на фудбалерите, иако Ла Лига и Фудбалската федерација на Шпанија неколку пати го одбија тоа, а сега реагира и Хозе Марија дел Нидо Караско кој повеќе не сакаше да молчи.

„Реал Мадрид ѝ се поклони на Барселона и тоа е неверојатно. Тие заедно работат на проект во кој никој од фудбалскиот свет не верува освен нив, а тоа е Суперлигата. Ако си обичен смртник, како ние и останатите тимови, тогаш правилата се применуваат поинаку“, вели првиот човек на тимот од Андалузија.