Вријат навивачите на Милан: Интер подготвува сензационална понуда за Донарума

Навивачите на Милан не можат да му го простат на Џанлуиџи Донарума трансферот во ПСЖ, но омразата кон него ќе достигне кулминација ако ја прифати понудата која се подготвува.

Италијанските медиуми тврдат дека Интер сака да го види репрезентативниот голман во своите редови и веќе планираат како ќе му пристапат на ПСЖ чиј член е Донарума во моментов. Сезонава прв голман на Интер е 36-годишниот Јан Зомер кој е далеку од ланската форма и јасно е дека во клубот сакаат долгорочно решение за оваа позиција.

Договорот на Донарума со ПСЖ истекува во 2026 година, а преговорите околу неговото продолжување не одат според очекувањата. Тука е и шансата на Интер кој може за релативно мала отштета да дојде до потписот на 26-годишниот голман.

Претставници на Интер веќе имале првични контакти со Донарума за да видат какво е расположението кај него. Ако трансферот се оствари, дури тогаш ќе збеснат фановите на Милан.