Синер дозна кога ќе оди на суд поради допингот

Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана соопшти дека на 16 и 17 април ќе се разгледува жалбата на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) поврзана со најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер.

Сослушувањето на Синер ќе биде зад затворени врати бидејќи ниту една од заинтересираните страни не се согласила за јавна расправа за допингот.

ЦАС не соопшти кога ќе биде донесена конечната пресуда за допинг скандалот со која се соочи Синер, откако имаше позитивен тест во март минатата година на клостебол.

Светската анти-допинг агенција бара суспензија за италијанскиот тенисер во рок од една до две години поради прекршување на правилата.