Дејвид Мојс пред враќање во клубот во кој најмногу се прослави

Eкипата на Евертон денеска од местото прв тренер го отпушти Шон Дајч, а според последните информации на негово место клубот може да го врати Дејвид Мојс.

Дејвид Мојс најголемиот успех во тренерската кариера го оствари токму на „Гудисон Парк“ и го водеше Евертон од 2002 до 2013 година. 

По успешниот период во Евертон се пресели во Манчестер јунајтед каде што не сеп ролсави, а потоа ги предводеше Реал Сосиедад, Сандерленд и Вест Хем каде што се задржа од 2017 година се до почетокот на актуелната сезона.

Во овој момент е без ангажман и во Евертон веруваат дека токму тој е човекот кој може да ја подигне формата на тимот. „Карамелите“ во овој момент се на 16. позиција со само еден бод повеќе од Ипсвич кој е прв во опасната зона.