Македонија ЃП го обезбеди првото зимско засилување – купи лев бек!

Македонскиот второлигаш Македонија Ѓорче Петров го ангажираше Анџело Николовски како прво засилување за зимскиот преоден рок, кој ќе ја пополни левата бековска позиција во тимот предводен од Бобан Грнчаров.

Овој трансфер следува по заминувањето на Мите Цикарски во редовите на Вардар. Засилувањето за ѓорчепетровци досега има настапувано за Брегалница, Кит Го, Гостивар и Детонит, со што носи значајно искуство во клубот.

Амбициите на Македонија ЃП остануваат насочени кон враќање во Првата лига, а досегашните резултати покажуваат дека клубот е на добар пат да ја реализира оваа цел со оглед на првото место по есенскиот дел со пет бодови предност пред конкурентите.