ФА му ја намали суспензијата на Куња зашто се понудил да купи нови - очила

Најдобриот играч на Вулверхемптон, Матеус Куња пред крајот на 2024 година доби суспензија од два меча поради инцидент со член на обезбедувањето на Ипсвич, но поради еден потег добил помала казна од првичната која била планирана.

На 16 декември, ФА почна постапка против него затоа што го фати и му ги скрши очилата на припадник на обезбедувањето во поразот на неговиот тим со 1-2. Дисциплинската комисија имала намера да го суспендира на три меча со 120 илјади фунти, но крајната одлука беше казна од два меча и 80 илјади.

Причини за тоа биле признанието на Куња дека е виновен за инцидентот и понудата да му купи нови очила на членот на обеезбедувањето. Помош имал и од Вулверхемптон чие раководство докажало дека лицето од Ипсвич било премногу агресивно и не помогнало во релаксирање на загреаната атмосфера на тој натпревар.